Први гости на прес-клубот на БТА во Скопје беа премиерите на Бугарија и на Република Северна Македонија, Кирил Петков и Димитар Ковачевски.

Бугарскиот премиер му посака на тимот на медиумот „многу успешна работа и многу точно известување на вестите“.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски упати честитка до БТА за претстојното отворање на прес-клубот и истакна дека ова е важен чекор во градењето доверба меѓу двете земји и нивните граѓани.

Ова беа првите пораки запишани во Книгата на гости на прес-клубот БТА во Скопје.

Гостин во прес-клубот беше и генералниот директор на агенцијата МИА Драган Антоновски, кој ја истакна успешната соработка меѓу двете агенции и посака таа да продолжи и во иднина.

Генералниот директор на БТА, Кирил Влчев ги повика двајцата премиери на Бугарија и на Република Северна Македонија да бидат заедничка здравствена зона за време на пандемија со цел да се олесни преминувањето на границата и ја истакна потребата од развивање на здравствени протоколи кои ќе овозможат послободно движење на новинари, како што го прават министрите, возачите на камиони и пилотите, бидејќи слободата на информирање не е помалку важна од движењето на стоки.

Двајцата премиери добија подарок издание на „Симболи на Бугарија“, подготвено од вработен во документарната редакција на БТА, фототипско издание на „Бугарски народни песни“ на браќата Миладинови, како и изданија на обновениот магазин ЛИК.

Прес-клубот БТА во Скопје свечено ќе биде отворен на 4 февруари 2022 година.