Викендов што ни претстои ќе биде продолжен поради Велигденските празнувања. Согласно Законот за празници, Велики петок (18 април) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед. Понеделникот пак (21 април), кога е втор ден Велигден, е државен празник и е неработен за сите граѓани на Македонија.

Во мај, првиот неработен празничен ден е 1 Мај, кога се слави Меѓународниот ден на трудот, а годинава се паѓа во четврток.