ВМРО-ДПМНЕ пропагира дека здравјето е пред се, а пред некој ден организираа настан во Лисиче кадешто не се почитувааше ниту еден протокол, се гушкаа се бакнуваа, а потоа и самиот Мицкоски излезе и кажа дека тие не се адаптирале на новите времиња и сакале контакт со луѓе, изјави Коста Петров, потретседателот на СДСМ во вечерашното гостување во „Програма 200“ на ТВ Алсат.

„Денеска ВМРО-ДПМНЕ лансираше предизборна кампања што е противуставно“, истакна Петров.