Прво мандатот оди кај СДСМ и така следува според законот. Имало случаи во многу земји како што се на пример САД, каде што буквално гласови одлучувале кој ќе биде претседател на државата. Во демократијата е така, тој што има еден или два пратеници повеже има можност да бира власт. Доколку не се случи нешто спектакуларно, мандатот ќе оди во редовите на СДСМ“, изјави поранешниот пратеник и генерален секретар на СДСМ, Андреј Петров.

Според него, тоа што го направи ДУИ во изборната кампања е брилијатно.

„Од начинот на водење до како ја продадоа идејата. Познавајќи ги колку се тврди изјавите на Али Ахмети, ќе биде тешко да се врати довербата во коалицијата, но не е невозможно. Формулата за компромис се државните интереси“, рече Петров.