Имам верба во новиот мандатар Димитар Ковачевски, сметам дека заслужува да му се помогне, бидејќи се нафаќа на тешка работа во тежок период после сите овие случувања воопшто генерално и глобално и кога и во државата проблемите се бројни, истакна членот на ИО на СДСМ Андреј Петров во утринската програма на телевизија Телма.
Тој нагласи дека секој што сака нешто да придонесе, а има капацитет тоа да го направи треба да се вклучи, додавајќи дека и Димитар Ковачевски има желба за единство, да ги збие редовите во партијата.
Ковачевски има една нова енергија и фокус кон внатрешните проблеми во државата, економската криза која треба да се решава, животот на луѓето, стандардот на граѓаните, здравствената криза, сето она што ги соочува луѓето со секојдневните реални проблеми, нагласи Петров.
Тој додаде дека многу работи кои се спроведоа во претходниот период сепак за државата значат и за тоа на крајот потребна е дистанца за сето тоа да се вреднува.
Пораката од граѓаните од локалните избори е примена, оставката на Зоран Заев, изборот на нов претседател во демократска атмосфера е извинување кон граѓаните, чекор кон обнова на довербата, истакна членот на ИО на СДСМ Андреј Петров во утринската програма на телевизија Телма.