Откако кандидатот за претседател на СДСМ Јован Деспотовски повторно ги покани своите противкандидати на јавна дебата со свој коментар се јави Славјанка Петровска.

Таа посочи дека веќе одамна дебатира со членството за прашањата кои се од интерес на партијата, и побара да не се прави шоу од внатрепартиските избори.

– Претседател на СДСМ е премногу сериозна и премногу одговорна позиција за да се сведе на секојдневно лиферување соопштенија и скапо платена пр агенција. Ги повикувам кандидатите и членовите на СДСМ во име на социјалдемократијата да ја заштитиме партијата и изборот за Претседател на СДСМ да не го претвориме во реалити шоу. – вели Славјанка Петровска-кандидат за лидер на СДСМ.