Денеска во кругот на Министерството за одбрана се одржа свечено примопредавање на функцијата министер за одбрана.

Славјанка Петровска ја презеде функцијата министер за одбрана од досегашната министерка Радмила Шекеринска.

„Jа преземам функцијата министер за одбрана во едни многу поинакви општествено-политички околности отколку оние што беа во 2017 година. Денес, нашата татковина е земја членка на НАТО, и тоа не се случи само по себе“, истакна Петровска.

Петровска и се заблагодари на досегашната министерка Шекеринска за нејзиниот влог и придонес кон исполнувањето на стратешката определба и и честиташе на Армијата за подговеноста во работењето по НАТО стандардите.

„Пред мене стои сериозен предизвик да го сочувам она што досега е постигнато и истовремено да бидам политички двигател во процесите кои ни претстојат. Тоа е моја обврска кон граѓаните, кон припадниците на Армијата кон принципите на кои се заснова нашето членство во НАТО’, посочи Петровска.