„Легитимно е кога имаме некој процес, каков што е пописот, да се постават прашања особено кога се работи за здравјето, но имаме искуство, имавме избори и тие беа легитимни и оценети како фер од сите релевантни фактори. И тие избори беа своевидна претходница на ова што би било со пописот. Тогаш граѓаните излегоа на избори да изберат парламент, сега го велиме истото, има протоколи и нема да дозволиме да се нарушат здравствените мерки. Нема да дозволиме ширење на пандемијата и ќе го чуваме здравјето на сите граѓани. Ќе бидат објавени протоколите за начинот на кој ќе пристапуваат попишувачите, како ќе ги земаат податоците, како ќе ја третираат опремата…“- изјави пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, на МРТВ.

„До пред неколку месеци ВМРО ДПМНЕ организираше протести во државата, значи групирање на граѓани, а со тоа го загрозуваше здравјето. Го организираше конвојот со автомобили каде што не се почитуваа здравтвените мерки, затоа, тука би го исклучила моментот дека ВМРО ДПМНЕ е загрижена за здравјето на населението. Ако се грижеа за граѓаните зошто не ни ги одобрија измените во Деловникот на парламентот за да имаме он лајн седници. Јас лично имав Ковид 19, но од некој хир опозицијата не ни дозволи да работиме од дома, ги блокираа измените со 3 000 амандмани. Во услови на пандемија кога ние бараме решенија за функционални институции, ВМРО ДПМНЕ е крајно неодговорна партија“- изјави Петровска.