Дополнителната заменик министерка за внатрешни работи, Славјанка Петрвоска во денешното гостување на ТВ24 ја коментираше изјавата на поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ), која истакна дека предизвикала вознемиреност и кај јавноста и кај институциите.

-МВР секојдневно и интензивно ги следи и објавите во медиумите и на социјалните мрежи и навистина оваа изјава на поглаварот на Исламската заедница, мора да признаам дека и кај граѓаните и кај институциите предизвика еден вид на вознемиреност. Засега сме во комуникација со Јавното обвинителство за кривична пријава ќе одлучиме заедно, но она што сакам да го потенцираме е дека повикување или изразување на револт на мерките кои Владата ги дава во интересн на граѓните, мислам дека е несоодветно, особено што ова не е битка само на Владата, или не е битка на општеството, ова е битка на целиот свет- рече Петровска.

Мислам дека, потенцираше Петровска, секое непочитување на мерките, е непочитување на самите нас.

-Се надевам дека поглаварот како поглавар на една верска заедница, ќе го преиспита својот став. Министерството за внатрешни работи во соработка со другите институции воопшто нема да се двоуми да постапи согласно своите надлежности, односно да го заштити интересот на граѓаните кои ги почитуваат мерките кои се донесени- рече Петровска.

Поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ) Сулејман Реџепи ги предупреди вицепремиерот Бујар Османи и Владата дека ако ИВЗ не добие помош од државата, тие ќе го повлечат повикот за заштита од пандемијата на коронавирус.

Извор: Слободен печат