Новиот лидер на СДСМ и мандатар за состав на нова влада Димитар Ковачевски пресекол пратеничката Славјанка Петровска да биде нова министерка за одбрана, велат за Фокус високи партиски извори, во пресрет на денешните состаноци на извршниот и централниот одбор на партијата, на кои треба да се потврдат кадровските решенија за новата влада.

Како што веќе објави Фокус во конкуренција за оваа позиција беа и државниот секретар во МВР Магдалена Несторовска, поранешниот шеф на кабинет на се уште актуелната министерка Радмила Шекеринска – Катерина Ставревска, како и вицепремиерот за антикорупција Љупчо Николовски.

Според неофицијални информации, Николовски дефинитивно се враќа на чело на министерството за земјоделство, додека функцијата вицепремиер за антикорупција, што ја извршуваше во изминатиов период, можно е да биде биде укината.

Се уште останува непознато кој ќе управува со министерството за правда, кое, треба да го води непартиски кадар од академската заедница.

Извор: Фокус