Во вечерашното издание на “Вин-вин” на Телма телевизија, дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска, во врска со вчерашниот настан во кој спротивно на правилата, во затворен дел од ресторан во Дебар Маало бил затекнат лидерот на опозицијата Мицкоски, со став дека сите нејаснотии во врска со овој случај мора да добијат епилог, исто како и случајот со теретаната бидејќи законите мора да важат подеднакво за сите.

“Можеби причината за ангажирањето на дел од силите коишто се невообичаени да се ангажираат било присуството на високи полициски старешини на кои не им било ниту место, ниту време да бидат тогаш присутни таму. Тоа е неколку минути по напуштањето на објектот од страна на господинот Мицкоски. Јас Мицкоски го гледам како некој кој го прекршил законот и за мене не е битно кое е името и презимето. Ако полицијата треба да биде еднаква кон сите граѓани и дека не треба со исклучоците да воведуваме впечаток дека некого штитиме, тогаш истиот случај беше и вчера. Ако се наоѓаше некој непознат граѓанин во тој објект, дали тогаш ќе беше оправдано присуството на полицијата? Не треба да е најважно дека внатре бил лидер на политичка партија, кој меѓу другото и самиот призна дека бил, а истиот тој ден претходно даваше изјави во кои кажува дека состојбата во државата е страотна. Па како во страотна ситуација во државата, во која според неговите зборови власта не може да се справи со ситуацијата, вие прекршувате правила? А тој првиот ги прекрши правилата и ја призна грешката.

Не е само ако господинот Мицкоски не го знаел протоколот, сопственикот на ресторанот веројатно го знаел?! Има многу прашања кои треба да бидат одговорени, исто како што треба да бидат одговорени и прашањата со теретаната. Ама ако направите грешка, а притоа повикувате на почитување на правила, а прв ги прекршувате тие правила, тогаш не можете да очекувате да останеме имуни на тоа. Не беше вчера борбата за тоа кој прв ќе стигне до снимките. До снимките стигна прв тој што ја имаше наредбата од обвинител и тука законот е јасен. Прашањето кое треба да се одговори е што бараат началници на раководни позиции поставени од Чулев, не зборувам тука на началникот на СВР Скопје, на кои таму не им беше ни времето, ни местото бидејќи не беа работно ангажирани и тоа денеска го потврдиле со свои изјави. Дали тие беа пратени, дали тоа не се моментите на враќање на МВРО-ВМРО на сцената?” – запраша Петровска.