Платежната агенција добива нов модерен изглед.
– Преку Проектот за модернизација на земјоделството издвоивме средства во износ од 2 милиони евра за адаптација на нов деловен објект, кој ќе се приспособи на зголемениот обем на работа и ќе одговори на потребите на новоангажираната работна сила. Дополнително, издвоивме средства и за канцелариски мебел и компјутерска опрема, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски кој заедно со директорот на оваа институција Никица Бачовски го презентираа проектот и извршија увид.

414457975_900912384735932_7576219369369158408_n
Објектот се простира на 6.600 метри квадратни, на 6 спрата кој целосно ќе се реновира и адаптира по современи стандарди на енергетска ефикасност за да се обезбеди соодветна работна средина за агенцијата.

414453156_900912338069270_1227509514596455107_n
– Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој има клучна улога во успешното спроведување на ИПАРД програмите, и токму затоа нејзиното модернизирање е од клучна важност за сите нас, порача Николовски.
Соодветните работни услови се важен акредитациски критериум за Платежната агенција која врши децетрализирано управување со ИПАРД средствата, рече денеска Бачовски пред презентацијата на проектот за модернизација на македонското земјоделство, поддржан од Светска банка.

Една од компонентите на овој проект, како што информира Бачовски, е реновирањето и опремувањето простории на Платежната агенција, кои ќе бидат веднаш до веќе постоечкиот објект.