Метео анализа на Славчо Поповски:

Топлиот метеоролошки феномен “Ел Нињо” ни донесе вистинска пролет во февруари, во срцето на зимата.

Стабилното, суво, сончево и пролетно топлото време ќе ни се задржи до крајот на оваа работна недела. Веќе од викендов влегуваме во циклонален, влажен и нестабилен период.

Под влијание на циклонска активност од запад, очекуваме почести врнежи кои ќе бидат претежно од дожд и тоа поради јужното воздушно струење и топлото време. Исто така очекуваме силен јужен ветер, како и Сахарска прашина и песок.

Сето ова ќе предизвика особено кај метеопатите поголеми здравствени проблеми, што значи дека Биометеото ќе ни биде доста неповолно.

Следната седмица многу променлива и со почести врнежи претежно од дожд. Снег барем засега нема на видик.

Многу појасна слика околу циклоналниот период кој е пред нас ќе имаме во следните денови, тогаш очекувајте многу повеќе детали, и секако искористете го максимално ова сончево пролетно време во февруари.