Еден од двајцата повредени вечерва им подлегна на повредите по новото пукање вечерва во скопско Арачиново, дознава 24Инфо.

Според информациите, починатиот пациент имал 50 години, а вториот е млад човек од 19 години.

„Поради сериозноста на состојбата на 50-годишниот пациент, веднаш беше започната реанимација. На жалост, и покрај напорите на медицинскиот тим, тој почина,“ соопштуваат од Ургентниот центар.

Како што објави МВР на 01.11.2024 околу 19 часот од Ургентен центар Мајка Тереза во СВР Скопје е пријавено дека со повреди од огнено оружје биле донесени С.А. и А.А. од с.Арачиново.

Според пријавеното, во нив во с.Арачиново било пукано со огнено оружје од страна на две лица кои биле со возило “Ауди”. Се преземаат мерки за расчистување на случајот