Возрасна жена починала откако врз неа паднала таванска конструкција, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во текот на вчерашниот ден во 13:40 часот во ОВР Кичево пријавено е дека во куќа на улицата „Љубица Богеска“ во Кичево врз С.И.(66) од Кичево паднала таванска конструкција, по што таа починала на местото.

-Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител, телото на почината било дадено на обдукција, потенцираа од МВР.