Притвореник во затворот Скопје во Шуто Оризари, примен на 8 март оваа година, кој починал од срцев удар, без симптоми за коронавирус, посмортем му е потврден Ковид 19, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче на редовната прес-конференија во Владата.
-Во моментов се прават епидемиолошки анкети на сите кои биле во близок контакт со него, по што ќе се преземат соодветни мерки, рече Филипче
Министерот информираше дека во Домот за стари лица во Битола примен е еден штитеник на 18 март и една недела подоцна е примен на Инфективното одделение на битолската Клиничка болница поради зголемена температура, и за него е добиена потврда дека е позитивен на Ковид 19.
-Земени се брисеви на сите во останатите соби во домот и на дел од персоналот кои биле во контакт со него, а дадени се и препораки за темелно чистење, појасни Филипче.
Државниот санитарен инспекторт, додаде минитерот, ќе го испита целиот процес од приемот на штитеникот во домот.