Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска и утре учествува на годишната конференција „Година на нови можности“.
-2023 е година е година на нови можности за економски развој, за интеграција на Република Северна Македонија во ЕУ. Овие два дена во рамки на годишната конференција “Година на нови можности” ќе дадеме конкретни насоки за тоа како оваа 2023 да обезбедиме стабилност, сигурност, подобар животен стандард, подобри услуги за граѓаните, подобра инфраструктура, економски напредок, но пред се подобар живот по европски стандарди, порача денеска министерот Николовски.