Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалува за два денара, а цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе биде 92 денари.

За 1,660 денари поевтинува и Мазутот М-1 НС, и еден килограм ќе чини 45,962 денари.