Со новите мерки за 2024 година поголема поддршка даваме на лозарите за остварено производство на грозје, порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
– 60.000 денари по хектар, вкупна поддршка, за семејни земјоделски стопанства, кои го произвеле и продале винското грозје, врз основа на склучен договор со регистриран производител на вино, најдоцна до 30 април 2024 година со принос од најмногу 10.000 килограми по хектар и исплатена цена по килограм не пониска од 35 денари. Од кои, 12.000 денари авансно и 48.000 денари дополнителна поддршка.
– Ваквата мерка е во насока за постигнување на поставените цели од Стратегијата за развој на лозарството и винарството, зголемување на производството флаширано вино, зголемен квалитет на македонското вино и неговата вредност на странските пазари.
Ги охрабруваме производителите на винско грозје и винарските визби, уште во период на првите агротехнички мерки, да го договорат начинот на одгледување на лозовите насади. Со цел добивање на суровина за производство на високо квалитетни вина, кои ќе бидат препознаени на странските пазари и ќе постигнат цена, што ќе ги задоволи и производителите на вино и производителите на грозје, порача Николовски.

417562328_922164202610750_4404898613252374452_n
– Поддршка за лозарите, преку програмата за рурален развој, обезбедуваме во зачувување на нашата македонска автохтона винска лоза Станушина. Поддршката се реализира преку програмата за директни плаќања, во висина од 5.000 денари, по хектар. Корисници се земјоделски стопанства, кои имаат засадена минимална површина од 0,2 ха со автохтоната сорта Станушина, додава тој.
Зголемената поддршка е само почеток во низата на мерки за развој на лозарството и винарството. Со новиот Закон за вино предвидуваме посебна програма, каде се предвидуваат дополнителни мерки согласно европските политики и стандарди за одржување и развој на овој значаен сектор.

420359146_922164249277412_6820174522885127428_n