Објектот на Одделенето за внатрешни работи на Општина Ресен е комплетно реновирано по 40 години. Ова е 55-ти реновиран полициски објект во земјава, а инвестицијата е 12,7 милиони денари, обезбедени од буџетот на Министерството за внатрешни работи. На увид на реновираниот објект во Ресен, денеска присуствуваа премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Според премиерот станува збор за уште една остварена обврска во континуитетот на реализацијата на заложбата за севкупно подобрување на професионалните услови за работа на полициските службеници, преку продолжување на проектот за реконструкција и изградба на полициските станици.
– Од денеска и ова реновирано одделение станува дел од остварувањата посветени на изградба на функционална инфраструктура во системот на нашата полиција и Министерството за внатрешни работи. Овие современи услови придонесуваат кон гаранцијата за редот, безбедноста и владеењето на законите. Како етаблирање на полицијата, како гарант за заштита на законитоста и како квалитетен сервис во интерес на сите наши граѓани, рече Заев.
Информира дека покрај овој објект во Ресен, завршеи се уште многу вакви активности, односно дека се завршени работите на Аеродромската база Петровец, на полициските станици и одделенија во повеќе регионални центри и општини, новите современи форензички лаборатории, како и многу други зафати за современи услови за работа на полицијата и другите припадници на МВР, а во овој момент активни се работите на реконструкција или реновирање на СВР Куманово, на Полициско одделение Ростуше, а во претстојниот период во план се работите и на Одделение за внатрешни работи Прилеп, Полициската станица во Крушево и Полициското одделение во Чашка.
Реконструкцијата на Одделението за внатрешни работи во Ресен започна од средината на месец јануари 2021 година.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека ова е едно од 55-те полициски објекти кои се реновирани во земјава, а дел од преземените градежни работи се санација на кровот, поставена е громобранска инсталација, санирани се оџаци, поставени се нови олуци, целосна нова термоизолација на фасадата, заменети се влезните портали со нови, тоалетите, нова стражарска куќарка, комплетно е реовирана просторијата за приведување согласно важечкиот правилник…
За реновирањето, како што рече, инвестицијата е 12,700 милиони денари обезбедени од буџетот на МВР.
Градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски рече дека на новото оделение се чекало повеќе од 40 години, и дека реконтрукцијата е капитален проект кој е во функција на граѓаните.
Присутните го честитаа и Денот на полицијата – 7 мај.