Полицаец вчера по полноќ бил затекнат во Тетово како црта графити со политичка содржина пренесе „А1 он“. Кога полициска патрола при обиколка на градот го затекнала службеникот, графитот со знамето од Вергина и натписот ВМРО-ДПМНЕ веќе биле исцртани. Полицаецот го цртал графитот со повеќе од пет лица кои го придружувале.
Прашани од полициската патрола дали имаат дозвола за цртање на графити на јавна површина, кажале „Ќе прашате во седиштето на партијата“. Полицаецот сам се легитимирал како колега на службениците кои патролирале , иако тие му побарале само лична карта.
Според информации на А1 он , полицаецот е вработен во гранична полиција.
Засега нема информација дали се легитимирани и останатитекои го цртале графитот како и дали ќе се поведе постапка против нив. Веќе е поднесена службена белешка која треба да биде процесирана до Одделот за внатрешна контрола, каде ќе треба да одлучат дали да се покрене дисциплинска постапка против него.