Петнасетина лица од Гостивар и околни села за два дена се лишени од слобода заради учество во масовна тепачка која се случи во средата навечер на улица во Гостивар.

– Вчеравечер (11 август) околу 22 часот и 30 минути, лишени од слобода се: Џ.А.(44), Т.А.(48), Х.А.(42), Б.А.(39), Л.А.(55), Н.А.(50), С.А.(52), Б.А.(25) и Д.А.(46), сите од гостиварко Ѓурѓевиште. За нив постои сомнение дека учестувале во завчерашната групна физичка пресметка во и околу угостителски објект на улица „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар, наведуваат од СВР Тетово.

Поводот за тепачката биле недоразбирања меѓу перосналот и гости околу држењето ред и услужувањето во угостителски објект за брза храна. Набрзо потоа поголема група на роднини дошле пред објектот и започнала расправија. Благодарение на брзата интервенција на полицијата бил спречен потежок инцидент. Притоа, полициски службеник испукал предупредувачки куршум во воздух.

Истата вечер, лишени од слобода и одведени во полициската станица биле: Б.А.(25) од Дебреше, Д.А.(46) од Ѓурѓевиште, Е.А.(27) и Ф.А.(53) од Топлица, 34-годишниот Р.М. од Гостивар и тројца малолетници од Дебреше и Ѓурѓевиште. За нив е утврдено дека го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во и пред угостителски објект кој при пресметката бил и оштетен.