Пратеникот од Левица, Борислав Крмов, сам ќе треба да ја плати штетата направена во пленарната сала на Собранието, каде вчера кршеше опемра бидејќи потпретседателот Горан Мисовски не сакаше да ја прекине седницата. Утрово, биле повикани екипи од МВР, кои правеле и го завршиле увидот.

„Во моментов се врши проценка од страна на собраниска комисија, осигурителна компанија и Бирото за судски вештачења. После тоа ќе знаеме точно за висината на штетата“, велат од Собранието.

Ова не е првпат да се крши во Собранието. Изминатите години имаше повеќе вакви ситуации каде дури и се фрлаше со шолји за кафе.