На 14.12.2022 на Граничен премин Делчево, полициски службеници, во содејство со царински службеници, извршиле преглед во товарно возило „ман“ – цистерна со штипски регистарски ознаки, управувано од М.М.(52) од Штип.

При прегледот, во сандак на цистерната во кој се наоѓаат места за полнење и празнење на цистерната и во кабината, биле пронајдени и одземени повеќе парчиња пиротехнички средства и туба со нафта. За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.