Тројца градежни работници се приведени за пожарот во Универзалната сала во Скопје.
Како што информираа од МВР, тројцата во моментот изведувале работни зачачи, а се работи за Б.Р. (50), З.Т. (60) и Б.И. (53).
Од МВР дополнително објавија дека со возило на Итната медицинска помош во Клиниката за токсикологија се однесени две лица Е.С. (48) и А.Т. (41) поради вдишување на чад.
Од страна на екипи на ЕВН во целата околина на салата било прекинато снабдувањето на електрична енергија, при што на улицата „Петар Поп Арсов“ во лифтовите на зградите имало заглавени две жени, кои биле извлечени од страна на Единицата за интервентна полиција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.