Полицијата приведе едно од двете лица кои беа снимени како се закануваат и навредуваат патници во автобус на ЈСП, бидејќи им кажале да стават маски. Според извори на „А1он“, тој признал и дека бил учесник во настанот. МВР и натаму трага по вториот учесник во настанот.

Заканите на двајцата мажи беа обелоденети во видео, кое се споделуваше на социјалните мрежи.