Вчера полициски службеници во Кавадарци извршиле претрес во домот на 30-годишниот А.П. при што во неговиот дом биле пронајдени и одземени кафена прашкаста материја, кафена грутчеста материја и зелена растителна материја.

Во моментот додека полициските службеници го извршувале претресот А.П. проголтал хероин и таблета при што со Итна помош бил однесен во болница. Од МВР велат дека бил известен јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.