Четириесет и четири лица не ја почитувале забраната за движење од 21 часот синоќа до 5.00 часот изутрината на територијата на државава, а во изминатото деноноќие за мерката за носење лична заштита на лице се регистрирани 432 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Оттаму аапелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесат за спречување на ширењето на Ковид 19.