На 511 лица им се издадени решенија за изолација, а 70 потпишале изјави за самоизолација во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава.

По однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 318 прекршоци, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

Од страна на полициски службеници, изршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

По однос на забраната за движење, во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 204 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени/лишени од слобода се 180 лица, а за другите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.