Двајца полицајци се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила денеска на автопат на влез за Скопје, пред „клучката Ченто“.

Според информациите, несреќата се случила помеѓу „мерцедес“, управуван од А.Ј.(60) од Скопје и „шкода јети“, сопственост на МВР.

Во незгодата со повреди се здобиле двајца полициски службеници, на кои им била укажана помош во Градска општа болница „Свети Наум Охридски“.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.