Државниот секретар на САД, Мајк Помпео на својот профил на Твитер сподели дел од денешниот телефонски разговор со претседателот на државава, Стево Пендаровски.

Помпео напиша дека борбата против ковид-19 е заедничка со Северна Македонија, како најнов сојузник во НАТО.


„Добри вести од денеска. Му честитав на Стево Пендаровски за приклучувањето на Северна Македонија кон НАТО и нивните чекори кон членство во Европската Унија. Заедно сме со нашиот најнов сојузник и граѓаните на Северна Македонија во борбата со Ковид-19“, напиша Помпео.
Претходно, од Кабинетот на претседателот Пендаровски, соопштија двајцата соговорници размениле информации за актуелните состојби околу справувањето со пандемијата на ковид-19.