Во текот на денешниот ден повторно се регистрирани земјотреси во околината на Лерин

Попладнево е регистриран нов земјотрес со епицентар на 18 километри од Битола со јачина од 3,1 степени по Рихтер, а земјотресот бил на длабочина од еден километар, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Синоќа како резултат на посилни земјотреси во регионот Лерин, Грција, во Битола беа забележани распукани внатрешни и надворешни ѕидови на објекти, поради што општината одлучи да побара помош и од Владата за санирање на штетите од земјотресот.

Во текот на денешниот ден повторно имаше земјотреси во Лерин, Грција.