Во вечерашното издание на “Еуро-фокус” на Телма телевизија, новинарот Љупчо Поповски, со свој став во врска со одредени потценувачки реакции на социјалните мрежи за помошта од ЕУ за нашата земја.

“Претходно стигнаа милион маски од Чешка, па стигнаа 100 000 маски од Унгарија, па стигнаа 100 000 маски од Словенија, не е тоа единствената помош. Луѓето сакаат сè и веднаш, без оглед дали другите земји што се наоѓаат во иста таква криза, дека тие треба сите мерки да ги насочат кон посиромашните во Европа. Во овој случај, себичноста, перцепцијата кон самите себе е поважна од чувството на заедништво во цела Европа. Да ги оставиме овие реакции на социјалните мрежи, тие не се мерило за тоа каква политика води ЕУ. Ние имаме денес донација во респиратори, 66 милини евра предвидени за Македонија. Србија има 93 милиони евра. Кога ќе споредиме дека Србија е три ипол пати поголема од Македонија. Значи, ние не треба да бидеме незадоволни, не можеме да побараме сè да ни дадат одеднаш. И самите земји во ЕУ не можат да го најдат модалитетот како да ја определат таа помош за оние коишто се најзагрозени во рамките на самата Унија” – истакна Поповски.