Димитар Поповски, од Радиоаматерски Сојуз на Македонија во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ објасни што е тоа радиоаматеризам.

-Радиоаматеризмот е хоби чии што почетоци датираат уште пред повеќе од сто години. Под “аматеризам” нетреба да се подразбира нестручноост, туку тоа само означува дека станува збор за бавење со радиокомуникациите како хоби, заради лично задоволство, и без мотив за лична материјално-финансиска заработка.

Секој може да биде радиоаматер без разлика на пол, возраст, раса, етничка припадност и занимање. Меѓу радиаоматерите ќе сретнете: наставници, лекари, инжењери, продавачи, земјоделци, таксисти, правници, воени лица, полицајци, електричари, ученици, студенти, свештеници, политичари, новинари, актери, музичари, занаетчии, домаќинки, пензионери, понекој претседател на држава, крал, шеик, рече Поповски.

Радиоаматеризмот има шест годишна традиција во Македонија, а неопходно е да се поседува соодветна техничка опрема.

Услов е да се има положено испит за некоја од радиаматерските специјалности, најчесто за аматерски радиооператор, како и да се поседува соодветна техничка опрема. Изучувањето на морзеовата азбука веќе не е услов за да се стане радио-аматерски оператор. Радиоаматеризмот во Република Македонија има традиција од преку шест децени.

Репетиторот поставен на Солунска глава е од знчаен за покривање на голем дел од нашата земја.

-Неодамна благодарение на поддршката од страна на Министерството за одбрана поставивме репетитор на Солунска глава. Тој репетитор е од клучно значење за покривање на поголем дел од нашата држава и благодарение на тој репетитор минатиот викенд се одржа една радио-аматерска вежба во името на радио-аматерската мрежа за опасност. На таа вежба се јавија некаде околу 50 активни радио аматери. Тоа се оние луѓе кои би можеле да се користат во вонредни состојби да се стават на располагање на институциите со цел пренесување на порака, координација и нешто слично, изјави Поповски.