Наш фокус како министерство е развој на тутунопроизводството.
✅Постигнавме рекордна откупна цена од 365 денари.
✅Ја зголемивме субвенцијата за прва класа најпрво од 60 на 80 денари, и оваа година од 80 на минимум 100 денари, што значи за еден килограм откупен тутун секој тутунопроизводител ќе добие минимум 465 денари по килограм.
✅За прв пат овозможуваме мерка за тутунопроизводителите од 6.000 денари по хектар, нешто што досега го немаше но и
✅мерката за зелена нафта каде што оваа година сите земјоделци но и тутунопроизводителите ќе добијат 100% поддршка за зелена нафта.
✅Тоа значи кај тутунопроизводителите рекордна дополнителна 12.000 денари поддршка по хектар за набавка на зелена нафта за механизација.
Фејсбук статус на Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство