На 26.09.2024 во 18.00 часот на Граничниот премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Е.С.(60) од Република Турција затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека меѓународните зелени карти за осигурување на товарното возило кое го управувал, како и за полуприколката, биле фалсификувани. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.