Повторно заканувачки мејлови за бомби пристигнаа на адресите на неколку средни училишта во Скопје. Учениците и вработените се евакуирани, а наставата во прва смена е прекината и најверојатно нема да продолжи.

-Денеска (07.12.2022) околу 09.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на девет средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР преку соопштение.

Речиси секој ден на 26 октомври на електронските адреси на скопските средни училишта почнаа да пристигнуваат заканувачки мејлови за поставување бомби. Изминативе денови, заканувачки пораки добија и некои основни училишта во Скопје, како и училишта во градовите во внатрешноста на земјата.

Полицијата поднесе кривична пријава против малолетник од Скопје за сторено кривично дело „тероризам“ поради испраќање на една од лажните дојави за бомби.

Пријавено е дека малолетникот, инспириран од заканите за бомби од 26 октомври до 2 ноември и гледајќи дека заканувачките пораки биле испратени преку провајдер кој нуди крипто заштита, преку тој оператор на 4 ноември испратил порака за подметнати бомби во четири средни училишта во Скопје.