Голем број корисници на Фејсбук и Инстаграм пријавиле потешкотии во нивната работа, додека во некои земји целосно престанале да работат.

Според веб -страницата Downdetector, повеќе од 17.000 пријави за неправилности во работата пристигнале за помалку од половина час.

Корисниците на Фејсбук во моментов не можат да ги видат своите известувања, бидејќи кога ќе се обидат да го сторат тоа, добиваат грешка.

Ова е вторпат оваа недела популарните социјални мрежи да се соочуваат со проблеми во работата, откако пред само неколку дена престанаа неколку часа да функционираат.