Пожар избувнал околу 10 часот во фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип. Според портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска примени се двајца пациенти со телесни повреди, кои веднаш биле прегледани од лекарите.

-Во болницата се хоспитализирани двајца пациенти со телесни повреди, прегледани се од доктор Серафимов и доктор Николов, направени се компјутерска томографија и лабараторија, вели Шуманска.

Според информации од пожарникарот, Славчо Делов пожарот кај нив бил пријавен околу 10 часот, по што тие реагирале и целосно го изгаснале најдоцна до 11 часот.

-Некаде околу 10:00 часот беше пријавен пожар во фирма во индустрискиот дел на Штип. Од наша страна е интервенирано со две возила и четири пожарникари. Дојавата беше дека има запалена печка и кровна конструкција. Отидено е на лице место, пожарот е локализиран и изгаснат, сѐ во најбрзо време, вели Делов.

Во моментов не се знае колкава е материјалната штета предизвикана од пожарот во фабриката.