На 23.02.2020 во 14.15 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека настанал пожар во с.Мажучиште, прилепско, во магацин сопственост на АД „Тутунски Комбинат Прилеп“.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а бил опожарен дел од кровната конструкција од магацинот.
Повредени лица нема, а увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.