Пожар изби нешто по 19 часот во населбата Колтук во Тетово, во куќа на улицата „Вукашин Симовски”.

Со оглед дека населбата е на почетокот на ридот Балтепе од целиот град можеше да се забележи големата огнена стихија.

Од тетовската територијална противпожарна единица информираа дека се уште се интевенира на гаснење на пожарот, а испратени биле четири возила.

По неколку минути големата огнена стихија се намали, а поголем дел од стариот дел на градот остана без електрична енергија.