ДУИ ја состави листата на носители на кандидати за пратеници за претстојните избори. Според информациите кои ги пренесе Алсат, претседателот на партијата Али Ахмети ќе биде носител во шестата изборна единица, Талат Џафери во петтата изборна единица. Во тројката носител ќе биде поранешниот министер за економија Беким Незири, во втората изборна единица носител ќе биде министерот за образование Арбр Адеми, и во првата изборна единица носител ќе биде партискиот потпретседател, Изет Меџити.