На 14.08.2022 околу 11.00 часот во Полициската станица во Кавадарци било пријавено дека на фудбалскиот терен во рамки на детското одморалиште Михајлово – Кавадарци, каде престојувале ученици од основно училиште од Скопје, еден малолетник бил повреден откако пречката од голот се превртела и паднала.
Малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје.
Увид извршила увидна екипа од Кавадарци.