На 13.12.2023 во 18.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Свети Николе – Куманово, товарно возило „ивеко“ со српски национални ознаки, управувано од М.М.(75) од Република Србија, удрило во пешакот С.М.(47) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.