На 23.12.2022 во 11.00 часот во СВР Штип е пријавено дека на крстосницата од ул.„Сутјеска“ со ул.„Широк дол“ во Штип патничко возило „рено меган“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.Г.(71) од Штип удрило во пешакот С.В.(76) од Штип. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.