На 04.01.2022 во 06.05 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Партизанска” во Штип, патничко возило „фиат добло”, со штипски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(52) од Штип, удрило во пешакот И.Ц.(43) од Штип. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.