На 25.11.2021 во 17.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“, патничко возило „цитроен“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ѓ.(50) од Скопје, удрило во пешакот Ѓ.Ѓ.(68) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.