На 11.01.2021 околу 14,20 часот во Куманово на крстосницата од улица „Кирил и Методиј“ и улица „Перо Чичо“, Д.С.(43) управувајќи патничко моторно возило „мазда“ со кумановски регистарски ознаки удрил во М.Т.(19) од Куманово.

МВР денеска соопшти дека по незгодата М.Т. била пренесена во Општа болница Куманово каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.