На 10.01.2022 во 13.20 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосница од ул.„Благоја Стевковски“ со ул.„Жан Жорес“, патничко возило „фиат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Р.(21) од Скопје удрило во пешакот М.Б.(68) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.