На 22.12.2021 вo 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св. Наум Охридски” било донесено повредено лице од сообраќајна несреќа.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и било констатирано дека истиот ден на крстосницата од ул.„Бутелска” и ул.„Натанаил Кучевишки” А.Н.(84) од Скопје бил удрен од возило. Oткако возачот на самото место му укажал помош го напуштил местото.

Се работи на расчистување на случајот.